ВМРО-ДПМНЕ: Немаат кандидати за градоначалници зошто во СДСМ врие и нема кандидати за пораз
Заев нема кандидати за градоначалници зошто во СДСМ врие и нема кандидати за пораз.
Големи општини како Аеродром, Велес, Прилеп и Битола се без кандидати од страна на СДСМ. Сите го напуштаат Заев и бродот кој тоне.
Во СДСМ врие и никој не сака да губи во Аеродром затоа што Златко Марин 4 годими преплатувал на тендери, никој во Прилеп не сака да биде жртва за Заеви и Чипсио, додека во Велес знамето за предавање е одамна кренато.
СДСМ нема човек ниту за Битола. СДСМ не направи ништо за Битола. 4 години апсолутна власт, а ниту една инвестиција за градот.
На Заев му се откажуваат и најлојалните партијаши затоа што никој не сака да гори за мафијата која 4 години краде, лаже и рекетира.
Секаде за каде што Заев извади кандидати тој оди со стари и истрошени кадри. Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ нуди успешни луѓе, професионалци, чесни и со големо знаење.
И во СДСМ знаат дека губат. И во СДСМ е кренато белото знаме. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина