ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба од приемни испити на факултети, СДСМ да не се меша во работата на професорите

Денеска по месец и половина повторување од страна на Централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, функционер на СДСМ, г-дин Љупчо Николовски изјавува дека размислувале за укинување на матурата.
И после месец и половина немаат одлука, туку размисллуваат и повторно прават грешка.
Им препорачуваат на факултетите да спроведат приемен испит затоа што ќе имале голем наплив за упис на студенти.
Бидејќи немаат идеи и не знаат самите да го решат проблемот им препорачуваме внимателно да читаат и да слушаат што зборуваме скоро 2 месеци.
Не мора да има приемни испити, не мора, ако учениците се оценат со средна оценка изведена од претходните години, првото полугодие од оваа учебна година и ангажманот за време на далечинското учење.
Од каде идејаа дека повеќето ученици би се одлучиле за факултет, различно од претходните години?
Тие планираат сите да ги оценат со петки? Па не се тие наставници. Наставниците оценуваат, не СДСМ.
Сигурни сме дека наставниците и со намалени плати ќе си ја завршат работата чесно и одговорно.
Наместо да им се мешаат на наставниците во работата подобро е да прават стратегија за тоа што ќе прават во август и септември за децата кои не се опфатени со далечинското учење, што со децата со посебни потрби и што со илјадници студенти кои ќе треба да ја надокнадат практична настава, колоквиумите и да полагаат испити.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
