ВМРО-ДПМНЕ: Недобивањето на датум е крајот на кривиот пат на Заев
![]()
СДСМ и Зоран Заев донесоа неправдa, прогон, лаги и измами, сиромаштија и иселување на македонскиот народ од оваа сурова реалност. Државата ја однесоа во ќорсокак, без надеж за подобра иднина. Посветени се само на крадење, рекет и политички реваншизам.
СДСМ го урна политичкиот, правниот и економскиот систем на Македонија. Приведуваат и испрашуваат новинари кои говорат за криминалите на СДСМ и Зоран Заев. Рекетираат преку СЈО, Рускоска обвинува, Кацарска суди, а Јовевски ги штити. Нивните фамилијарни приватни бизниси растат и се развиваат, но не растат инвестициите, а нови работни места нема. Во оваа држава нема повеќе ниту мир, ниту правда.
Пропаста на Македонија под палката на Заев и СДСМ ја видоа и во Европа. Недобивањето на датум е крајот на кривиот пат на Заев. Европските интеграции не мрднаа од мртва точка овие три години и покрај тоа што Заев ги продаде националните интереси. Никој од политичките субјекти во европските земји не постигнал успех со тоа што го жртвувал својот народ и својата земја. Никој од нив не коленичи за привилегии и фотелји. Никој од нив не опустошил градови и села и не го ограбил сопствениот народ како што тоа го направија СДСМ и Зоран Заев.
Ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените парламентарни избори. Веќе е доцна. Народот ја виде вистината. СДСМ се свесни дека ги очекува пораз до невидени размери досега.
Зоран Заев ќе го добие ударот директно од народот и ќе заврши со неговата тоталитаристичка политичка кариера.
ВМРО-ДПМНЕ знае, умее, и може повторно да ја обнови Македонија и да ја стави на брза патека за влез во Европската Унија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
