Македонија
28. October 2019 - 16:42

ВМРО - ДПМНЕ не прифаќа одложување на договорениот датум за избори

Опозицијата нема да согласи со одложување на веќе закажаните предвремени парламентарни избори.  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за соочување со граѓаните на 12 април и покрај најавата на ДУИ дека доколку Шпанија не стигне да го ратификува протоколот за НАТО изборите ќе бидат одложени за да не се случи Македонија да остане без Парламент во моментот кога ќе треба официјално да се изгласа пристапувањето во Алијансата.

И во СДСМ велат дека нема да има одложување на изборите. Премиерот уште пред неколку дена рече дека до април има доволно време, а денеска од неговата партија порачаа дека се подготвени за избори

По неуспехот во Брисел, политичките лидери седнаа на заедничка маса со Претседателот Пендаровски и се договорија, премиерот да си поднесе оставка на 3 јануари а изборите да се одржат на 12 април, една недела пред Велигден.