Македонија
23. March 2024 - 16:40

ВМРО-ДПМНЕ не дава пратенички места на новите коалициони партнери

Новиот коалициони партнери кои во ВМРО-ДПМНЕ прелетаа од коалицијата на СДСМ нема да добијат пратенички места. Извори од опозицијата за Сител велат дека на нивните листи ќе има само 1 добитно место за лидерот на српската партија Стоиљковиќ и две места за социјалистите на Димовски. Во тек се преговори со уште еднаш политичка партија на која исто така и се нуди едно добитно место и тоа ќе биде се што опозицијата ќе им даде на своите коалициони партнери.

Повратниците во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, не кријат дека не се задоволни што ќе останат без пратеник

Социјалистите кои долги години се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ задоволни од соработката. Очекуваат голема победа

Вчера ВМРО-ДПМНЕ за Сител потврди дека покрај Трајанов, во нивната коалиција се враќа и Стојанче Ангелов, партиите на Љубе Бошковски и некогашниот реформатор Петар Богоевски а назад во десницата доаѓа и Шехтански со ТМРО. По излетот во СДСМ назад се враќа и социјалдемократската унија и ромската партија на Неждет Мустафа. Својата коалиција ВМРО-ДПМНЕ треба официјално да ја заокружи на настан во текот на идната недела, во пресрет на 31 март за кога се најавува официјализирање на пратеничките листи.