-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Наумовски е дел од истиот, корумпиран и исторошен кадар на Заев
-->
Александар Наумовски уште еднаш покажа дека нема визија за Ѓорче Петров. Граѓаните на Ѓорче Петров најдобро знаат дека ветувањата на СДС се само една голема лага, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Наумовски ветува остварување на проекти, а граѓаните веќе видоа дека откако владата на СДС дојде на власт, најголем дел од проектите беа стопирани или пак укинати. Жителите на Ѓорче Петров ги немаат 500 евра ветена плата од Заев, нема ниту чист воздух кој го ветува Заев, ниту пак било каков инфраструктурен проект реализиран од владата, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Александар Наумоски веќе еднаш беше поразен од граѓаните на Ѓорче Петров.
-Сите знаат дека Наумовски е дел од истиот, корумпиран и исторошен кадар на Заев, па затоа на 15-ти Октомври СДС и Наумовски повторно ќе бидат казнети, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување