ВМРО-ДПМНЕ: Народот се погласно се крева против политиките на власта

Македонија ги живее најцрните денови во својата понова историја од своето осамостојување па навака. Република Македонија доживува секојдневни порази и понижувања на секое поле.
На удар се граѓаните, на кои им ветуваа живот од страна на СДСМ, а истите тие кои што им ветуваа живот им донесоа само црнила. Наместо ветената плата од 500 евра граѓаните добија повисоки цени на лебот и горивото. Наместо 600 километри автопат, граѓаните добија реализација на капитални инвестиции од катастрофални 30 проценти до сега. Најмалку во историјата до сега.
Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, даноците и акцизите се покачуваат, стандардот опаѓа, народот едвај крпи крај со крај.
Правосудниот систем се претвори во партиска испостава на СДСМ која служи единствено за политички прогон на неистомислениците на Зоран Заев. Наместо правда и правдина граѓаните добија, двојни аршини и добија политички монтирани процеси кои верувајте ќе остават трајни последици во нашето општество.
Изминативе 2 години македонските граѓаните се понижени, омаловажени и обесчестени, спротивно на нивната јасно изразена волја, силувајќи ја Заев и СДСМ демократијата во нашата држава.
Наместо чесно работење и Влада која работи за интересите на граѓаните, добивме Влада која единствено се занимава со криминални тендери и грантови доделени на партиски и државни функционери на СДСМ.
Македонските улици се небезбедни имаме низа на нерасчистени убиства, случаи во кои сторителите сеуште не се изведени пред лицето на правдата. Граѓаните секојдневно се гушат поради енормното аерозагадување, се гушат во неспособноста на власта на СДСМ која ветуваше дека ќе го реши веднаш откако ќе дојде на власт.
Граѓаните знаат дека оваа цела црнила во нашата држава ја создава токму Владата предводена од единствениот аболициран премиер Зоран Заев и власта на СДСМ која претставува рак рана на нашето општество.
Почитувани,
Македонскиот народ се погласно се крева против политиките на одродената и криминална власт.
Затоа ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на нашиот протест денес во Кочани во 15 часот, збирно место Градски парк, заедно одиме преку улиците на Кочани до градскиот трговски центар и сите заедно да го искажеме нашиот револт и да ја навестиме зората која ќе ги порази црнилата во Република Македонија создадени од СДСМ и Зоран Заев!
Центар за комуникаци на ВМРО-ДПОМНЕ, гиговорник Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
