ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара нови избори

Кризата наметната од СДСМ мора да заврши. Народот бара избори, на кои ќе се изјаснат и ќе знаат за што гласаат, за да не се чувствуваат пост изборно изманипулирани, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите и нагласува дека на тој начин народот ќе го казни СДСМ.
- Човекот кој стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување конфликти со уште поопасни ставови како што е прекројување на границите на Балканот, а СДС продолжува упорно да молчи. Колку должи и кому должи криминогеното раководство на СДС е нивен личен проблем. Тој долг не смее и нема да се плаќа за сметка на највисоките државни и национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ уште еднаш на македонскиот народ му докажа дека „тие се партија која работи за нивните џебови и не мислат на иднината на граѓаните“.
- СДС и нивниот претседател Зоран Заев се би дале и жртвувале за да дојдат до власт. Народот ги прочита, и му се спротивстави на СДС, излезе на улица и над педесет дена без престан му кажуваат дека националните и државни интереси не се на продажба. Граѓаните секој ден порачуваат дека не им се потребни платформи од туѓи земји, народот бара инвестиции, нови работни места, мерки. На СДС му порачува ако треба да исплаќаат некакви фактури на нарко дилери и криминалци нека си ги платат со нивните пари, а не да ги плаќа народот или државата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
