ВМРО-ДПМНЕ: Нападот на Димитриевски над 23-годишно момче, врв на криминалното однесување на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ смета дека вчерашниот физички напад од страна на пратеникот Максим Димитриевски од СДСМ над 23 годишно момче само заради тоа што, како што велат од партијата, не му се допаднала македонската песна која што била нарачана е врв на криминалното и насилничко однесување припадниците на СДСМ.
- Насилникот Димитриевски, без никаков повод и причина се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23 годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која што била нарачана. Овој скандал мора да се расчисти до крај. Насилството на криминалците и предавниците од СДС мора да биде санкционирано, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека СДСМ е уценет и избезумен поради тоа што гледа дека „македонскиот народ ја отфрла тиранската платформа и дека нема да дозволи криминалецот Заев да го испорача тоа што го ветил и оти тиранска влада нема да се формира.
Ново на Сител
-
Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Коцевски го доби предлогот за негово разрешување - тврди дека нема правен основ
-
Маржи и до 70% откриени кај дистрибутери - пазарна на терен
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се во координација со ССМ
-
Трет правосуден форум за родова еднаквост во Западен Балкан
-
Таравари: Владата ќе реши дали албанска компанија ќе го земе паркингот кај Клиничкиот центар