ВМРО-ДПМНЕ: Нападите врз новинари се срамни и недолични
Јавните закани на екс-пратеникот на СДСМ Есад Рахиќ упатени до сите новинари кои ја информираат јавноста за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на неговата партија се срамни и недолични, изјави на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
- ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите и ги охрабрува институциите да не подлегнуваат на обиди на СДСМ за забошотување на криминалот на неговите експоненти. Воедно, ги охрабруваме медиумите да не бидат жртви на стравот кој сака да го сее Зоран Заев и ги повикуваме до крај да ја истражат вистината, изјави Јовановски.
Јавноста, продолжи тој, ја интересира дали Зоран Заев знаел за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател и дали му помагал во трговијата со наркотици и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата?
- Очекуваме затоа истрагата да даде одговор на уште многу други прашања. Сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат, изјави Јовановски.
Посочи дека граѓаните на Република Македонија на 11. декември јасно и гласно кажаа дека не сакаат да бидат водени од криминалци и затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата