ВМРО-ДПМНЕ: Наместо терапија за ретките болести власта набавува кондоми и лубриканти
Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи.
Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека.
Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?
Почитувани, здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството.
Министерот освен што допринесе да паднеме на дното на извештајот за „Најздрави нации во светот“, друго ништо не придонесе. За ова одговорност треба да поднесе пред граѓаните и неговиот шеф Заев.
Маја Славева, ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа