ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на цените на лековите е наш проект, не на СДСМ
Доколку СДСМ навистина работи во интерес на граѓаните, намалувањето ќе го прави два пати годишно, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, а не еднаш, кои го спроведуваат од популистички причини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во недостаток на идеи СДСМ продолжува да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Намалувањето на цените на лековите е проект на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. СДСМ само парцијално го спроведува проектот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата.
-Мерката за намалување на цената на лековите е почната во 2012 година. Истата се спроведуваше два пати годишно и со неа беа опфатени над 4.800 лекови, кај кои цените и повеќе пати се намалувани. Заштедата во џебот на граѓаните со оваа мерка изнесува над 33 милиони евра. СДСМ наместо во целост да го продолжи овој успешен проект, кој донесе заштеди кај граѓаните, тие нудат парцијални решенија. Доколку СДСМ навистина работи во интерес на граѓаните, намалувањето ќе го прави два пати годишно, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, а не еднаш, кои го спроведуваат од популистички причини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека граѓаните ја гледаат безидејноста и неспособноста на власта.
-СДСМ ветуваше итни и интервентни мерки во здравството во првите шест месеци од преземањето на власта, како бесплатно болничко лекување и покачување на платите на лекарите и медицинските работници за 15%. СДСМ излажа. СДСМ не направи ништо за здравството. Бесплатно болничко лекување нема. Платите на лекарите и медицинскиот персонал не само што не се покачени, туку во одредени здравствени установи беа исплатени и помали плати. СДСМ го уништува македонското здравство. СДСМ ги лишува граѓаните од квалитетна целосна здравствена заштита. Наместо функционално здравство добивме здравство на апарати, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
-

Воскресна богослужба - Второ Христово воскресение во Соброрниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Со закана со нож украле пари од малолетници во Градски парк, приведени четворица разбојници
-

Приведени двајца крадци, одзеле личен накит од скопјанка
