ВМРО-ДПМНЕ: Најважно е што има гаранции и се деблокираат процесите

ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека е најважно што постојат гаранциите кои вчера ги достави претседателот на СДСМ Зоран Заев за добивање мандат за формирање влада од претседателот на државата, како и дека се деблокираат процесите.
- Наредниот период ќе покаже кој ќе биде излажан од криминалецот Зоран Заев. Дали ќе бидат излажани лидерите на албанските партии кои јавно изјавуваа дека добиле согласност од СДС за реализација на елементите од тиранската платформа или ќе бидат излажани граѓаните на Република Македонија кои вчера беа сведоци на гаранциите дадени од Заев дека нема да реализира туѓи платформи и декларации, рече на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што е најважно во моментов, потенцираше Костовски, е дека гаранциите постојат и оти се деблокираат процесите. - Сите овие процеси ќе се деблокираа многу порано, доколку Заев ја прифатеше понудата да ја отфрли тиранската платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа, рече Костовски.
Со денешната исплата на субвенциите за земјоделците паднале во вода, како што рече, манипулациите кои СДС и од нив контролираните медиуми ги ширеа дека нема пари во буџетот. - Буџетот е ликвиден и пари за земјоделците се обезбедени и согласно динамиката за исплата ќе бидат исплаќани, нагласи Костовски.
Земјоделците, посочи, добиле над милијарда евра субвенции додека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години го имаше мнозинството и одлучуваше околу земјоделската политика, за разлика од времето на СДС кога не добивале ниту евро помош од државата.
Ново на Сител
-

Мицкоски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
-

Македонија меѓу најдобрите земји во светот по намалување на неонаталната смртност и смрт кај деца под пет години
-

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица
-

Муцунски: Наш приоритет е отворањето преговори и што побрзо членство во Европската Унија
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
