ВМРО-ДПМНЕ: Најниската стапка на невработеност резултат на нашите добри економски политики

Според ВМРО-ДПМНЕ најниската стапка на невработеност во Република Македонија од 22.9 проценти во првото тромесечие од годинава е резултат на квалитетните економски мерки партијата ги презела во последните 10 години со кои се отвориле над 174.000 нови работни места.
- Додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на создавање подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, министерот Оливер Спасовски, држи празни прес-конференции со кои на граѓаните им ја покажува сопствената неспособност за чување и одржување на државниот имот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е подобрување на стандардот на граѓаните, а за СДСМ да дефокусира од ветувањата што ги даде за избори.
- Колкава е штетата од неодговорноста на СДС може само да се претпостави, како што може да се претпостават и мотивите на Спасовски и Заев да не го одржуваат возилото во кое се превезуваат странски делегации, се додава во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ќе биде подобро СДСМ побрзо да излезе од антиреформскиот филм, бидејќи, како што посочуваат партијата веќе не е опозиција и има одговорност да реализира проекти од полза на граѓаните.
- Граѓаните немаат никаква полза ако СДС бега од темата невработеност и ако ги игнорира постигнатите резултати, одбивајќи да понуди нови решенија во насока на подобрување на состојбите. Граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. СДС треба да им каже на граѓаните до каде се новите 500 километри автопат кои им ги вети, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат и дека граѓаните очекуваат Заев да им исплати по 30.000 денари со поврат на 15 проценти од потрошеното ДДВ, што беше едно од носечките ветувања во програмата на СДС.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
