ВМРО-ДПМНЕ најавува тешка година, Алијанса со конкретен предлог за намалување на сметките
Цената на струјата ќе продолжи да расте, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.. Велат дека веќе во јуни, граѓаните ќе се соочат со повисока цена за електричната енергија. Сметаат дека поскапувањето кое пристигна на крајот од 2021та, било резулатат на лошите енергетски политики на власта.
Паралелно со растот на цената на струјата, според ВМРО-ДПМНЕ ќе се зголемуваат и цените во малопродажбата. Најавениот раст на минималната плата ќе ја зголеми инфалцијата, бидејќки како што велат од партијата, компаниите ќе мора да го поскапат производот за да го покријат покачувањето на платите на работниците.
За да се намали ударот од поскапувањето на струјата по џебот на граѓаните, од Алијанса на Албанците предлагаат укинување на ддв-то од пет проценти, а на товар на државата да падне и трошок за јавно осветлување. Така, велат од партијата, сметките за струја ќе останеле на исто ниво како и пред растот на цената на струјата.
Според владејачката СДСМ, со својата брза ракција, Владата спречила поголем ценовен шок. Со мобилизација на домашните производствени капацитети, било избегнато 25 процентно поскапување на струјата. Ветуваат дека ноќната евтина тарифа и евтината во недела, нема да се укинат.
Од СДСМ велат дека дополнителна помош од државата ќе добијат домаќинствата со ниски примиња за кои Владата месечно ќе одвојува од 600 до 800 денари за плаќање сметките за потрошена струја.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар