ВМРО-ДПМНЕ на трибини ќе даваат отчет за сработетното на градоначалниците
Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во Недела ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите сто дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Слоганот под кој ќе се одржи настанот е "ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА"-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.
Ќе има свое обраќање во 17:00 часот во Недела Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски.
На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми.
Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.
Во 13:00 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ.
Учесници: Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски.
Модератор: Наум Стоилковски.
Во 14:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВА ВО ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски.
Модератор: Димче Арсовски.
Освен овој настан во наредниот три неделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
