ВМРО-ДПМНЕ: На пензионерите им се кратат петте проценти
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно обвини дека од септември пензионерите нема да добијат покачување за 2.100 денари, туку за 180 денари со што им се скратува планираното зголемување за 5 проценти.
Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за финансии оцени дека за СДСМ пензионерите никогаш не биле категорија на граѓани за која воделе грижа.
- Претходно кога СДС беше на власт на пензионерите им укина по 8 проценти од пензиите, сега за 4 проценти им го укинува планираното покачување на нивните пензии. За време на СДС на власт просечната пензија беше 7.684, а со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ таа се зголеми на 13.755 денари, рече Стаменковска.
Таа додаде дека во време на ВМРО-ДПМНЕ биле зголемени пензиите и биле донесени мерки за подобрување на нивниот живот како банско климатска рекреација, бесплатен превоз со воз, попуст за посета во културните институции и слободен пρевоз со градсκи автобуси
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш