ВМРО-ДПМНЕ: На граѓаните им се потребни промени, обнова и напредок
Европската Унија потврди дека Заев и СДСМ ја уназадија државата. Република Македонија не доби датум за преговори затоа што е предводена од корумпирана и криминална власт чии бизнис интереси се поважни од интересите на граѓаните.
Советот на министри на ЕУ порача дека не сакаат да бидат во исто друштво со земја која е предводена од два пати аболициран премиер кој е фатен жив како бара мито и кој си доделува земјиште на сопственото семејство.
Па Зарем премиерот Заев мислеше дека ќе може да ја прелаже Европа дека:
1. Најпосакуван бизнис партнер преку ноќ стана неговиот брат.
2. Дека се прави рекет.
3. Зарем во Европа ќе одиме со тендери чии победници се знаат уште пред да се отворат.
4. Во Европа ли ќе одиме кога главниот земјоделски магнат станува семејството на премиерот преку плантажи на марихуана а не обичните земјоделци?
5. Зарем мислеше дека ќе ја прелаже Европа дека криминалот царува а корупцијата расте?
Со СДСМ на власт мафијата си доби сопствена држава, криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне, а државата доживува неуспеси на сите полиња.
Додека на Заев му течат бизнисите со марихуана, „Герас Цунев“, „Цареви кули“ и камионите им возат за РЕК, тој причината за неговиот неуспех да ја внесе Македонија во ЕУ ја бара кај сите освен кај себе. Дури и подготвен е да не искара со меѓународните партнери на Република Македонија само да не признае дека тој е причината поради која не добиваме датум преговори со ЕУ.
Со Зоран Заев и СДСМ државата само пропаѓа и уназадува. Тие не можат да донесат подобар стандард и европска иднина за Македонија. На граѓаните и Македонија потребни им се промени, обнова и напредок кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт на СДСМ ќе замине.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

