ВМРО-ДПМНЕ: МВР се уште не го расчисти вандалскиот чин во Љуботен
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека МВР се уште го нема расчистено вандалскиот чин со уништување на гробиштата село Љуботен.
- Граѓаните и вчера не слушнаа дали и што презело МВР во насока на откривање на сторителите на сквернавењето на 30-тина православни гробови, што предизвика гнев и тензии меѓу населението. Народот е вознемирен и чека одговор на прашањето кому му сметаат православните гробишта. Со секој ден поминат на слобода, вандалите се охрабруваат дека имаат поддршка од власта во тоа што го прават, а граѓаните стануваат се позагрижени дека нема кој да ги брани, изјави Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со оваа своја постапка, како што рече, се засилува стравот дека чинот во Љуботен е осмислен акт со цел да се предизвика тензија која треба да ја дефокусира јавноста од политичките потези на власта во наредниот период, а кои, според него, се од сериозно значење за идентитетот и опстојувањето на државата и народот.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево