ВМРО-ДПМНЕ: МВР се претвори за паричка за поткусурување на коалициските договори
Со прифаќањето на капитулантскиот договор со соседна Грција, СДСМ и нанесе огромна политичка штета на Република Македонија, а со криминалното, коруптивното и дилетантското работење во економските ресори, земјата е клекната на колена и на финансиски план.
Сега со комплетната партизација на Министерството за внатрешни работи, Македонија се доведува во опасност и на безбедносен план.
Оливер Спасовски и СДСМ директно удираат врз професионалноста на полицијата. Пред неполни месец дена лажеа дека не се подготвува чистка во специјалните единици, а сега ја манипулираат јавноста дека тоа било согласно потребите на службата. Десетици обучени специјалци се прераспоредени на позиции на кои не се неопходни нивните вештини. Обуката за секој од нив чини десетици илјади евра, а сега Спасовски и СДСМ го отфрлаат сето она што е инвестирано во овие професионалци изминатите години. Тоа се луѓе кои имаат непроценливо искуство и кои учествувале во бројни акции како „Планинска бура“ или „Диво Насеље“ и за безбедноста на Република Македонија го ризикувале и сопствениот живот.
Почитувани,
Денеска обелоденуваме како СДСМ работи и во останатите организациски единици во Министерството.
Имено откако ги деградираа и шиканираа десетици професионални припадници на единицата Тигар, сега тоа го продолжуваат и на ниво на Секторите за внатрешни работи.
Според документи до кои дојдовме, Министерството за внатрешни работи кое го води Оливер Спасовски со притисоци и заплашувања изнудува доброволни согласности на припадниците на полицијата да бидат прераспределувани на други позиции кои се за неколку нивоа подолу во хиерархијата.
Да биде апсурдот поголем, МВР се повикува на член на законот кој не го регулира прераспоредувањето на работниците, туку ја регулира нивната обука. Доколку полициските службеници не ја прифатат оваа понуда, следуваат закани со откази за нив.
Спасовски надвор од законите и системот на кариера инсталира партиска полиција која треба да биде во коалиција со криминалот на оваа власт и да ги штити нив од незадоволството на народот, на сметка на компетентноста и способноста на кадри кои со години придонесувале за градење на угледот на институцијата и безбедноста на нашите граѓани.
Ова што Оливер Спасовски го прави нема за цел да го подобри квалитетот на полицијата. Ова нема цел да ја подобри безбедноста на граѓаните, туку напротив брутално да ја партизира и да ја претвори во агенција за обезбедување на криминалниот картел на власт.
МВР се претвори за паричка за поткусурување на коалициските договори, за задоволување на каприците на партиски послушници и создавање на послушна структура која ќе мижи пред криминалот на власта, а ќе фрла солзавец, гумени куршуми и шок бомби врз нашите граѓани.
Специјалците, полициските службеници, административците се под постојан притисок од оваа власт да не работат професионално, да прифаќаат уназадувања во кариерата или во спротивно да добијат отказ.
Ова мора да престане. Овие нелегални одлуки ќе бидат преиспитани и за ваквиот притисок врз професионалците во МВР и за сите останати притисоци некој ќе сноси одговорност кога ќе ја вратиме назад правната држава. Ги охрабруваме сите професионалци во полицијата да ги документираат ваквите незаконски дејствија и доколку им е потребна било каква правна помош да се обратат до нас, изјави на прес конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени