ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Ковачевски на негациите од Софија упатени на Илинден, отвора сомнеж дека тој веќе го прифатил бугарскиот наратив

Втор ден како Ковачевски, Османи и Маричиќ се кријат од јавноста после навредите и понижувањето кое дојде од Софија. Бугарскиот претседател и бугарскиот премиер, што би се рекло целиот државен врв кај нашиот источен сосед го бугаризираше Илинденското востание, го престави како борба на Бугарите за слобода, како фаза до приклучување на Македонија кон Бугарија.
Ова е отворена негација на македонската историја и (не)скриен иредентизам. Ова е историскиот наратив од Бугарија кој сакаат да го наметнат во духот на добрососедството и кој е услов за нашиот евроинтегративен пат. Ова е показател дека уставните измени кои ги пропагира власта на Ковачевски не се единствен и последен услов, туку после ќе следат уште многу други, а евроинтегративниот пат кој го застапува Ковачевски е слепа улица.Ковачевски и неговата Влада најмалку што треба да направи е да реагира на бугарските провокации за Илинден, освен ако не се согласиле на ваквите бугарски дефиниции за бугарски карактер на Илиденското востание.
Не не изненадува веќе ништо од Ковачевски. Кога толку силно се залага за позициите на Бугарија, можно е и ова да го прифатил.
Овие нови пораки од Софија се потврда зошто не треба да се случат уставните измени под бугарски диктат без сериозни институционални гаранции на европските институции за перспективноста на прстапниот пат на Македонија и за долговековниот македонски јазик историја и идентитет.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
