ВМРО – ДПМНЕ: Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка
Македонската економија го допре дното откако СДСМ дојде на власт.
Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите.
Мерката „Мој ДДВ“ не е наменета за сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1.872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев.
Ако навистина оваа Влада се грижи за граѓаните на Република Македонија најмалку што можат да направат е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции.
На граѓаните не им се потребни популистички мерки туку реални. А, со СДСМ граѓаните само осиромашуваат. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремени парламентарни избори ќе започне реализација на реални мерки кои ќе допридонесат за доброто на Македонија и граѓаните.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата