ВМРО – ДПМНЕ: Македонија живее во хибриден режим заради притисоците и заплашувањата на СДСМ кон критичките медиуми
Смешни се обидите на криминално рекетарската влада на СДСМ да се прикаже дека Република Македонија бележи напредок во слободата на медиумите.
Само за потсетување на СДСМ и Заев, во Извештајот на Стејт департментот за човекови права во 2019 година се утврдува постоење на притисокот врз медиумите и селективната правда во Македонија.
Колку и да се обидува криминално рекетарската матрица на власт работите да ги прикаже светли и во демократски дух, пред само неколку дена угледното списание Економист ја оценува Република Македонија како хибриден режим.
За тоа дека државата „блеска“ потврдува и индексот на корупција на Транспаренси Интернешнал, Република Македонија е на 106 место заедно во друштво со Монголија, Брегот на Слоновата коска и Египет.
За тоа дека државата „блеска“ потврдува и фактот дека откако криминално рекетарска влада на СДСМ и Зоран Заев е на власт, се затворија 4 весници и се променија 8 уредници на телевизии.
Криминално рекетарската власт се плаши од вистината за нејзиното катастрофално владеење и поради оваа причина врши притисоци врз медиумите.
МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев полицијата влезе во редакцијата на порталот „НетПрес“ поради објавен текст за аферата „Леонардо“ во која лично е вмешан еден од најблиските соработници на Зоран Заев, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на Инфомакс Александар Митовски, новинарот и уредникот на Лидер, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.
Медиумските слободи и слободата на говор се едни од основните постулати на Европската Унија кон чие членство се стреми Република Македонија.
Зоран Заев во обид да го заштити криминалот ја загрозува иднината на сите граѓани на Република Македонија. На 12 април следува одговорност.
СДСМ е виновни за сите порази, криминали и измами, затоа на 12 април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени