-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија може да остане без струја затоа што за Заевци се поважни тендерите од граѓаните
-->
Македонија може да остане без струја затоа што за Заевци се поважни тендерите од граѓаните.
Директорот на МЕПСО призна дека владата крадела струја од европскиот систем, и за тоа ќе плати 15 милиони евра за еден месец.
Македонија е предупредувана неколку пати заради кражбите на струја, но државата немала друга опција бидејќи Заев ја доведе до состојба на неодржливост на енергетскиот систем.
РЕК Битола е оставена без јаглен, ТЕЦ Неготино е без мазут, а не знаеме ниту кога ниту како би почнало со работа. Хидро акумулациите се празни. Единствен виновник за се ова е Заев и луѓето околу него, кои од РЕК направија златна кокошка за себе во изминативе 5 години.
Заев и луѓето околу него не се способни да го решат проблемот и треба да си заминат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат