ВМРО-ДПМНЕ: Македонија 5-та земја во светот по смртност од епидемијата, последна во регионот ќе почне со вакцинација

Дури аболицираниот за криминал, Зоран Заев јаде со златни лажици, Македонија е 5-та земја во светот по смртност од епидемијата со корона вирус. Очигледно дека око не му трепнува тоа што над 85 илјади луѓе се заразија, а над 2.600 починаа. Алчноста по злато и лично богатење го преокупираше Заев и затоа Македонија е последната земја во регионот и Европа која ќе почне со вакцинација на своето население. Наместо да обезбеди вакцини, тој се фокусираше на матните тендери, лиценците за марихуана и личното богатење на своето семејство
Затоа сега додека лажниот социјалдемократ Заев бесрамно се фали со луксузот и богатството кое го стекнал на криминален начин, народот во Македонија се бори за својот гол живот. Златниот прибор на Заеви покажува каде завршувале парите во оваа земја. Затоа немаше пари за тестови за корона вирус, затоа здравството е на колена, затоа нема заштитни средства и медицински материјали.
Парите во Македонија завршуваа кај кланот, наместо за граѓаните. Лицемерно е Заев да ветува квантен економски скок во 2021 година јадејќи со златниот прибор, освен ако не мисли на тоа следната нова година да ја честита јадејќи и од златни чинии.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
-

Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
-

Околу 70 поети на Струшките вечери на поезијата
