ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски и СДСМ не се решение на корупцијата, тие се изворот на корупција
Љупчо Николовски и СДСМ не се решение на корупцијата, тие се изворот на корупција.
После таков дебакл каде и меѓународната заедница потврди дека владата на Заев е најкорумпирана во Европа, повеќе корумпирана од Лесото, Зимбабве и Танзанија прво нешто што требаше да се случи е оставка на министерот за борба против корупција како што е Николовски, наместо ширење на невистини.
Уште колку години за Владата изговор за нивната неспособност ќе биде ВМРО ДПМНЕ кога самата Транспаренси Интернешнл потврди дека параметрите според кој е правен извештајот се од последните 2 години каде на власт е Заев и СДСМ.
Македонија е до таа мера криминализирана зошто нема решение за Рекет, за Leonardo will win, за случајот Дака, за поткупот на Ден Дончев. Прво Министерот за антикорупција Николовски шири корупција, си го вработи братучедот во МНАВ за плата од 100 000 денари.
Како министер за земјоделие, шумарство и водостопанство му се случи проневера на 300 илјади евра, пари на тутунарите, за кој случај никој не одговараше пред лицето на правдата.
Бидејќи отворено лаже го прашуваме Николовски од тие 3000 предмети за кои вели дека се заглавени по фиоки јавно да одговори и да каже колку се за корупција а колку се за прекршоци?
Ако Заев е на чело на мафијата, Николоски е нејзиниот прв секретар. Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање