ВМРО-ДПМНЕ: Лидерите на партиите мора да сносат одговорност за своите политики

СДСМ и Зоран Заев се во паника и затоа бегаат од одговорност. Зоран Заев да го прифати предлогот на претседатeлот Христијан Мицкоски лидерите на партиите кои се во трка за парламентарни избори да биде со својство кандидат за мандатар, и ако ги изгубат изборите да се повлечат од политиката.
Доколку Зоран Заев има барем малку храброст ќе го прифати овој предлог.
Лидерите на партиите мора да сносат одговорност за своите политики.
Воведување на системот кандидат за мандатар е европска пракса и одраз на најголема морална одговорност во политиката. Доколку Заев е за вистински вредности, а не лаже, тој ќе го прифати тоа.
ВМРО-ДПМНЕ е за нов начин на водење на политиката. Со одговорност, отчетност и работа.
Мора да им се врати надежта на граѓаните, дека не сите политичари се како Зоран Заев, дека не сите крадат и лажат.
Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе изгласа закон за проверка на имот на политичарите. Секој ќе мора да си го оправда имотот. Недозволиво е некој со функционерска плата да станува милионер преку ноќ, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Доаѓа време за одговорност. По 12 април доаѓа обнова на Македонија.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
