ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната власт на чело со Заев вчера застана зад криминалот на Спасовски

Криминалната власт на чело со Зоран Заев вчера застана зад криминалот на Спасовски. СДСМ не ја поддржа интерпелацијата на Спасовски и со тоа ги одобри нерасчистените убиства, грабежите и запалените автомобили, кои станаа редовна појава низ улиците на Скопје и градовите ширум државата.
Спасовски уште од самото назначување го започна својот мандат криминално. Потроши 1 милион евра Чешка донација за договор во четири очи за набавка на 40 возила Шкода Октавиа, прозван беше и од граѓаните и од медиумите, но одговорност никој не понесе.
МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот. Откако е Спасовски на чело на МВР има 9 нерасчистени убиства за кои јавноста е информирана, а грабежите и разбојништвата станаа пракса.
Граѓаните се исплашени да излезат навечер. Скопје е претворено во Бејрут. Се палат авотмобили на секој чекор, а власта не презема ништо. Спасовски го искористи МВР и за делење на лиценци за милионскиот бизнис со возачки испитни центри, со што бизнисите ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот.
МВР по раководство на Спасовски е повеќе на штета отколку во корист на граѓаните.
Спасовски и СДСМ мора да си заминат. Со секој поминат ден со СДСМ на власт Република Македонија е се понебезбедна држава. Потребно е СДСМ да си замине, тоа е можно само на предвремени парламентарни избори кои ќе се распишат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
