-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од Арачиново се шерифи затоа што имаат заштита од МВР
-->
Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски. Наместо полицијата да ги гони криминалците, тие ги изгониле полицајците од полициска станица, а Оливер Спасовски ги обвини токму полицајците.Наместо нарко-бандата, Спасовски ги обвини полицајците кои што можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална група. МВР и чесните полицајци се немоќни да се справат со оваа шерифска банда која што ја знае цело Скопје, само поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда.
Функционери од МВР наместо да го гонат криминалот се на линија со оваа група. Откако Спасовски е на чело на МВР, полицијата секојдневно ја тресат скандали а полицајците се се повеќе понижени и доведени во загрозувачка позиција. Македонија е препознаена како земја на корупција и криминал, а МВР како неспособно и без ниеден затворен случај.
Наместо за борба со криминалот, МВР со Спасовски стана познато како соработник за вадење пасоши и туѓ идентитет на белосветски мафијаши, познато по вмешаност во трговија со дрога што и американската ДЕА презема акции на македонската територија, политички функционери од МВР бранат криминалци од униформирани полицајци, се прават обиди да се забошотат свирепи убиства, како она што сега доби судска завршница.
Оливер Спасовски е седум години на власт во МВР, седум години во кои процвета криминалот и корупцијата, а Македонија стана пашалак на шерифи на нарко-банди. Потребни се избори, за расчистување со криминалот, корупцијата и шерифувањето на нарко-картелите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
