ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски, Груби и Маричиќ ја загрозуваат ЕУ интеграцијата на Македонија
Ковачевски, Груби и Маричиќ ја загрозуваат ЕУ интеграцијата на Македонија, и евроамбасадорот потврди дека го злоупотребуваат европското знаменце.
Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, кажа евроамбасадорот Гир во изјава за медиумите.
Ковачевски, Груби и Маричиќ свесно го злоупотребуваат европското знаменце за да прават криминал и гласаат закони кои се и противуставни.
Владата на ДУИ поддржана од СДС само декларативно се залага за ЕУ, а всушност, ја злоупотребува евроинтеграцијата за да прави криминал, со што ја загрозува репутацијата на ЕУ во Македонија и влијае негативно кај граѓаните.
Владата на ДУИ поддржана од СДС свесно ги злоупотребува ЕУ и интеграцијата на Македонија вк Унијата. Народот тоа го гледа и за тоа ќе ги казни на следните избори.
Ги повикуваме амбасадите на земјите членки на ЕУ, Делегацијата на ЕУ во Македонија и Европската Комисија да ја повикаат владата да ги повлече законските измени со европско знаменце и да не го оцрнува процесот кој има за цел хармонизација на нашето законодавство со тоа на ЕУ.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
