ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е слугата на Ахмети
Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение.
Ковачевски е заробеник на Ахмети, цела година помина буквално како до сега, со криминал и корупција.
Ковачевски ги штити сите луѓе на Ахмети, од Груби, Османи до Буши, затоа што знае дека само тој го држи на премиерското столче.
Покрај на Ахмети Ковачевски станува и поданик на фолирантите од Левица со кои е во коалиција во град Скопје и на многи други места. Деструкцијата нивна ја гледаме и по нефункционалноста на град Скопје.
И додека слугува Ковачевски, бизнисите на неговиот кум и неговото потесно семејство се шират низ државата, на кои патрон е токму тој.
Влада на Ковачевски е проблем за Македонија, само предвремени парламентарни избори се решение и излез од коалицијата на која матните зделки и тендери им се пред се.
Ново на Сител
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
-
Крмзов доби 30 дена притвор
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
-
Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани