ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од дебата, a Маричиќ кажува дека не ја ферма ЕУ само за да помине криминалот
Ковачевски бега од дебата, a Маричиќ вицепремиер за ЕУ интеграции кажува дека не ја ферма ЕУ само за да помине криминалот.
Ковачевски бега од дебата со претседателот Мицкоски, знае дека целосно ќе му бидат демаскирани лагите за договорот за коридорите.
Ковачевски нема храброст да излезе на дебата затоа што веќе редица функционери од власта признаа дека автопатите ќе чинат поскапо, ако не се донесат законите, но забораваат да кажат дека тие веќе чинат поскапо зошто обврските се создадени.
И додека Ковачевски бега од дебата, Маричиќ кој е вицепремиер за ЕУ интеграции призна дека ставиле европско знаменце на законските измени само за да поминат, не водејќи грижа за оправданоста.
Ковачевски бега од дебата затоа што нема како да ја правда 60 часовната работна недела која сака да ја воведе, за која веќе Уставен суд има одлука дека е против уставна.
Ковачевски бега од дебата затоа што знае дека го дерогира правото со желбата да му овозможи на изведувачот да експлоатира минерални суровини без дозвола, со добивање на лиценца по скратена постапка.
Ковачевски бега од дебата со претседателот Мицкоски, затоа што сите аргументи кои ги изнесе се вистинити, и знае дека ќе загуби.
Доблесно е Ковачевски да излезе на дуел, и покрај тоа што лаже за договорот, тој има одговорност пред граѓаните и не смее да се крие.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?