ВМРО-ДПМНЕ: Книгата и знаењето немаат цена
Мила Царовска останува глува и сѐ поинтензивно и крајно инаетливо инсистира на мноштвото несоодветни решенија, што попримаат форма на глупост од Концепцијата за реформа воосновното образование. Притоа истовремено Царовска во своите настапи само ја потврдува оправданоста на бројните реакции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а сега и од огромен број на родители и наставници кон експериментите во образованието.
Пример за оправданите реакции против концептот. За ранливите категории на ученици училиштата ќе обезбеделе копии на дигиталните учебници. Дури и да дојде дотоа училиштата а не семејствата на учениците да мора да “обезбедаткопии”, Мила Царовска да излезе и јавно да презентира и да објасни како тоа “мултимедијалните содржини со видеа“ од дигиталните учебници ќе ги има во фотокопиите?
Притоа, како децата на фотокопија ќе видат дали “рибата е црвена, портокалова или шарена”. Токму примерот со рибите таа сама го посочуваше на ТВ емисија,објаснувајќи како без дигитални учебници фотокопиите немаат вредност.И токму тоа и сите го укажуваат, Царовска. Само книгите, учебниците имаат вредност. Затоа треба печатен учебник, а не фотокопија.
Втор пример:Училиштата ќе обезбеделе библиотечен фонд на таблети. Царовска,очигледно не ја знаеш состојбата во училиштата, училиштата не може да обезбедат хартија запечатење за наставниците! Училишта пливаат во долгови за стуја,греење оваа зима не имуклучуваа на наставниците за да држат онлајн настава од училиште.
Трет пример:Наставниците не предаваат учебници, предаваат програми, па дали тоа вопревод значи дека на наставниците не им требаат учебници? Добро, учебници им требаат на децата и тоа наоние кои не можат да си дозволат дигитализација. Нели ученикот е центар навниманието во новата концепција?
Крајно време е Мила Царовска од светот на нејзината замисла да се врати во реалноста насопствената земја. Тоа би било во корист на учениците и знаењето.
Зошто на Царовска и е проблем децата да имаат нови, модерни учебници? Која е вистинската причина за да не се печатат учебници? Книгата и знаењето немаат цена!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Застрашувачки сцени од Банкок - најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
