ВМРО-ДПМНЕ: Ќе учествуваме во собраниската дебата за уставни измени и ќе стане јасно дека нема двотретинско мнозинство
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во дебатата за Предлогот за уставни измени на собраниската Комисија за уставни прашања што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за вторник, 25 јули во 10 часот.
-Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред неколку дена кажа дека за тоа како ќе настапува пратеничката група на Комисијата и на седницата, рече дека ќе се консултира со Пратеничката група. Тој вчера во изјава за медиумите кажа дека по излегувањето во јавност и по доставувањето на Предлогот за измена на Уставот до Собранието, драматично се влошува позицијата на Македонија и оти тоа ќе има влијание и во иднина. Единствен консензус што може да се направи со власта и со премиерот Димитар Ковачевски, рече тој, е за датум за избори.
Владата во вторникот до Собранието го достави предлогот за уставни измени. Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.
Ново на Сител
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта