ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги покачуваме платите на работниците
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува платите подеднакво и во јавната и државна администрација. Ќе се бори да го унапреди стандардот кој СДСМ сега го руши.
Она што е вистински загрижувачко е што Владата на СДСМ ќе подели 120 милиони евра народни пари за легализирање на незаконската активност плата во плико.
Владата на Заев е таа што ги дели граѓаните и компаниите на оние кои ги почитуваат законите, и оние малкуте кои ги става во привилегирана состојба а прават криминал со плата во плико на рака, а сега Заев ќе ги награди со државни народни пари.
Општ факт е дека таквите компании кои прават криминал се оние кои се блиски до премиерот Зоран Заев и СДСМ.
Овие пари кои СДСМ ќе ги дели на блиските компании граѓаните ќе ги платат трипати поскапо преку задолжувањето кое го прави владата. Арамиите на власт не мислат за работниците туку за своите приватни џебови и затоа лажното душегрижништво е само завеса за која криминалците од СДСМ се богатат на грбот на работниците.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи

