-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги покачуваме платите на работниците
-->
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува платите подеднакво и во јавната и државна администрација. Ќе се бори да го унапреди стандардот кој СДСМ сега го руши.Она што е вистински загрижувачко е што Владата на СДСМ ќе подели 120 милиони евра народни пари за легализирање на незаконската активност плата во плико.
Владата на Заев е таа што ги дели граѓаните и компаниите на оние кои ги почитуваат законите, и оние малкуте кои ги става во привилегирана состојба а прават криминал со плата во плико на рака, а сега Заев ќе ги награди со државни народни пари.
Општ факт е дека таквите компании кои прават криминал се оние кои се блиски до премиерот Зоран Заев и СДСМ.
Овие пари кои СДСМ ќе ги дели на блиските компании граѓаните ќе ги платат трипати поскапо преку задолжувањето кое го прави владата. Арамиите на власт не мислат за работниците туку за своите приватни џебови и затоа лажното душегрижништво е само завеса за која криминалците од СДСМ се богатат на грбот на работниците.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
