ВМРО - ДПМНЕ ќе достави листи на кандидати за предвремените парламентарни избори до ДИК

Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО - ДПМНЕ доцна синоќа заклучија дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и на законите на Република Македонија и членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија (ДИК) да достави листи на кандидати за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, изјави за МИА директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски.
Тој подвлекува дека Извршниот и Централниот комитет го утврдиле составот на листите и по завршувањее на сите формалности, во законски предвидениот рок, истите ќе бидат предадени во ДИК.
- Извршниот и Централниот комитет на партијата, исто така одлучија да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО - ДПМНЕ во процесот на изнаоѓање излез од кризата во која што СДСМ ја втурна Република Македонија, вели Котевски.
Инаку, Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев попладнево поднесе кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. До 15 часот, според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), единствено НДМ поднесе листи за предвремените избори.
Во ДИК ги разгледуваат листите поднесени од Бачев.
Претходно денеска од ДУИ и СДСМ информираа дека нема да поднесат кандидатски листи. Од ДПА нема информација дали и кога ќе поднесат листи.
Според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
