Македонија
20. February 2021 - 10:24

ВМРО-ДПМНЕ: Како и претходните четири пакети на мерки, така и петтиот не нуди никаква помош на граѓаните и бизнис секторот

Додека граѓаните и бизнисот мака мачат како да ја надминат ковид кризата, СДСМ и понатаму безсрамно се фали дека им нуди некаква помош.

Како и претходните четири пакети на антикризни мерки така и петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори.

Мерките на СДСМ и Заев не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите.

За тоа дека мерките се не ефикасни докажува е податокот дека над 55.000 луѓе останале без работа.

И додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите.

Со Заев имаме само уназадување. Затоа потребно е што поскоро оваа криминална влада на СДСМ и Заев да си заминат веднаш.