Македонија
5. April 2018 - 16:09

ВМРО-ДПМНЕ ја подготви интерепелацијата за владата - Заев ќе ја заврши реконструкцијата до крајот на април

Со барање за гласање на доверба на Владата ВМРО-ДПМНЕ во среда најавува кам бек во Собраниските клупи

Опозицијата обвинува дека Македонија е заробена држава која пропаѓа на економски и социјален план бидејќи ја води партија која е во коалиција со криминалот.  Според неа, владата  за помалку од една година ги задолжи граѓаните за 1,6 милијарди евра,  економијата немаше никаков раст, а странските инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека криминалот и корупцијата цветаат, демократските вредности не постојат а судството е на колена, што е повеќе од причина да се постави прашањето за доверба на владата во Собранието

Според информациите, прашањето за доверба на Владата формално до Собранието ќе биде доставено во недела на Велигден, а по него ќе се расправа во среда до полноќ кога треба да биде и гласањето.
И додека ВМРО-ДПМНЕ ја тестира довербата на Владата, Заев најавува проширување на мнозинството

Колку успешни преговори водел Заев и дали придобил некој од актуелните опозициски пратеници прв тест ќе биде токму гласањето за довербата на неговата влада во среда на полноќ. За да биде потврдена, потребен е гласот на 61 пратеник.

Новинар: Александар Спасовски