ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса ќе ја блокираат зелената такса
Еколошката такса е погрешна мерка во погрешно време затоа ВМРО ДПМНЕ ќе го блокира носењето на законот со кој таа треба да стапи на сила. Оваа влада велат во најголемата опозициска паритија за пет години владеење не создаде полчитики за заштита на животната средина, а сега ја затскрива реланоста преку воведување кризаен данок.
„Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми и ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци“, вели Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ.
Владејачката партија пак одговара дека како власт ВМРО ДПМНЕ поттикнуваше загадување, а сега како опозоција се противи на инвестиции во обновли извори на енергија.
„Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од деструктивниот Христијан Мицкоски знае само за блокади и деструкции на се што е во интерес на државата. ВМРО-ДПМНЕ, кои блокираа носење антикризни мерки среде корона, кои блокираат Закон за нов клинички центар, сега најавуваат блокада на мерки за еколошки инвестиции, оваа партија е најголем штетник по здравјето на граѓаните.Заради таквите нивни погубни политики државата со години беше рекордер во загадување во Европа“, велат од СДСМ.
Вчера и Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија блокада на законското решение со кое литар гориво ќе поскапи за 3,5 денари плус ДДВ.
Денеска пак, дестина дена по објавувањето, владината мерка им беше презентирана на коморите. На состанокот во Влада на бизнисмнеите им било објаснето дека таксата ќе овозможи да се формира посебен фонд во кој годишно ќе се слеваат 50 милиони евра кои ќе бидат насочени кон еколошки проекти.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
