ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е политичар со највисок рејтинг и ја има довербата на народот

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги демантира пишувањата на, како што наведуваат, медиумите под контрола на СДСМ-Сорос за наводна смена во врвот на партијата.
- Претседателот Никола Груевски ја има целосната доверба на партиските структури. Во моментов тој е политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба меѓу народот. Никола Груевски е политичарот кој 10 години наназад добива најголема поддршка на изборите. СДСМ - Сорос ќе се уверат и на претстојните избори дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна политика, стои во соопштението.
Од партијата истакнуваат дека дезинформациите раширени во медиумите на, како што посочуваат, СДСМ - Сорос, се само пуста желба на, наведуваат, аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
