ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не видоа ни „М“ од мерки, ни „Р“ од реформи

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ наведува дека „неспособната влада на СДС предводена од неодговорниот Заев за овие 50-тина дена откако е на власт го покажа своето вистинско лице на негрижа“.
- Овој период владата на СДС го искористи единствено за вработување на партиски кадри по институциите, а за сметка на тоа укинаа пари за изградба на градинки, пензионерски домови, социјални установи, за модернизација на селата, за изградба на универзитети и спортски сали, водоводи и канализации и редица други реални потреби на граѓаните. Тоа се факти кои не може да бидат спинувани или пак избришани од министерството за лаги кое се формираше во владата со цел да се потценува интелигенцијата на граѓаните, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија не виделе „М“ од мерки и „Р“ од реформи што секојдневно гласно ги најавувал СДСМ, но затоа Владата преку ребалансот на буџетот предвидела задолжување на граѓаните за 150 милиони евра кои се повеќе од предвиденото.
- За неполни два месециаСДС ја покажа сета своја безчуствителност и негрижа, кратејќи на изградба капиталните проекти, додавајќи пари за набавка на октоподи и морски плодови кои треба да се најдат на трпезата на Заев во Владата. Граѓаните од владата на СДС ги очекуваат долго најавените ветувања за 16,000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта, 15% поврат на ДДВ и како што ветија 30.000 денари на крајот на годината за секое семејство од тоа, а лекарите очекуваат плата од 100.000 денари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
