-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не му веруваат на Заев
-->

Зоран Заев е најголемиот измамник во Македонија.
Зоран Заев свесно лажеше дека трасата за автопатот Кичево – Охрид била промашена само за да го оцрни проектот на ВМРО ДПМНЕ, за да ја оправда сопствената неспособност и да украде пари. Вчера неговиот послушник Бочварски призна дека лажеле и дека трасата не е промашена, а Заев за три години власт не успеа да го доврши проектот, но склучи дополнителни анекси на договорот тешки стотици милиони евра.
Заев ги излажа граѓаните пред предвремените парламентарни избори во 2016 година. Заев ги лаже граѓаните и сега. Разликата е што во 2016 граѓаните му поверуваа, а сега никој не му верува.
Граѓаните не му веруваат, затоа што вети дека ќе даде 140 милиони евра за развој на домашните фирми, а даде 10 милиони евра преку Фондот за иновации на фирми на роднини на функционерите на СДСМ.
Граѓаните не му веруваат на Заев затоа што вети дека ќе ги изгради ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште. Три години како е на власт нема ни И од изградба.
Граѓаните не му веруваат на Заев затоа што вети пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделски комбинат, кој ќе функционира на природен гас. Три години откако е на власт ништо од тоа што е ветено не е ни почнато.
Зоран Заев се што вети излажа. Владата е генератор на лажни вести. Следува одговорност за сите лаги во изминативе 3 години. Претстои промена. По 12 април следува обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
