ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и денес од 19 часот, уште помасовно, мирно и достоинствено да се приклучат на протестот против францускиот предлог

Власта на СДСМ и ДУИ ја силуваат волјата на граѓаните и свесно сценираат инциденти. Еднаш тоа го прават преку уфрлени провокатори на протестите, друг пат преку вооружени инциденти за кои полицијата не реагира.
Целта е јасна. Да го заплашат и одвратат народот од гласното и масовно противење на нивната анационална политика. Впрочем сценариото на власта се гледа во изјавите на Бујар Османи, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски кои најавуваат меѓуетнички тензии и даваат милитантни контексти. Но тоа не им поминува. Прочитани се. На народот му е јасно дека криминогената власт само заради фотелји и функции е спремна на се.
Народот масовно, достоинствено и гласно кажува НЕ на уцените, ултиматумите и асимилацијата која власта на СДСМ и ДУИ сака да им ги наметне. Оваа власт колку повеќе го притиска својот народ, толку помасовни се протестите “Ултиматум, НЕ благодарам“. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваа овие сенародни протести и затоа повикува и денес уште помасовно, помотивирано и мирно и достоинствено да го дигне својот глас против понижувањата и асимилацијата која оваа власт е спремна да ја направи.
Затоа ги повикуваме граѓаните и денес во 19 часот уште помасовно да се приклучат на сенародниот протест, да не потпаѓаат на провокациите на власта, да се упатат од платото на Владата, преку министерството за правда кое Уставот го направи желботека, до Собранието и таму да го кажат гласно Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ.
Ново на Сител
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
