ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат законите и процедурите да важат за сите

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение наведува дека „е време СДСМ да го слушне гласот на народот, кој бара да ја отфрли тиранската платформа и да го повлече претседателот на Собрание кој беше избран спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија“.
Граѓаните на Република Македонија, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели да ги прекрши или заобиколи.
- СДС го измами народот. Го измами со подметнување на тиранската платформа по изборите, а потоа и со обид нелегално да изберат претседател на Собрание на Република Македонија. Ова политичко насилство врз Уставот, законите и Деловникот од страна на СДС предизвика гнев кај граѓаните на Република Македонија. Дополнителна провокација кај македонскиот народ предизвика нелегалниот обид за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, кој беше надвор од Деловникот за работа, Уставот и законите, се вели во соопштението.
Претседателот на Собранието, додава ВМРО-ДПМНЕ, СДС го избра надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците. - Ваквиот преседан отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори ваквата процедура и на ваков начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од тиранската платформа. Тоа е суспендирање на правниот систем на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Повторува дека не поддржуваат физичко насилство, но оти го осудува и според нив, политичкото насилство кое го направи СДСМ врз институциите, Деловникот, законите и Уставот.
- Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да сфати дека народот ги прочита. Народот е на нозе! Македонија се буди!, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
