Македонија
9. January 2023 - 9:32

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалник потрошил 3.500.000 денари за луксузно возило

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски решил да стане Рамиз Мерку од (Алиекспрес) па за таа намена во буџетот на Општината за свое луксузирање решил да потроши 3500000,оо (три милиони и петстотини илјади) денари за купување на ново луксузно возило за сопствени потреби,  со пари на граѓаните!!!

За време на незапаметена енергетска, финансиска криза и најголема инфлација, Градоначалникот решил да проживее на грбот на сиромашкиот народ, кој сѐ помасовно се исселува од нашата општина!!!

 

 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ