ВМРО-ДПМНЕ: Фатени на дело во непотизмот Костадинов и СДСМ сега лажно морализираат

Фатени на дело во непотизмот Костадин Костадинов и СДСМ сега лажно морализираат и манипулираат.
Тие наместо мерит систем во администрацијата, на големо создаваат „Мира Дизел систем“ во кој секој ден гледаме како пратеници, министри, заменици министри, директори од власта вработуваат свои блиски роднини во администрацијата за високи плати далеку над просечната плата која ја добиваат граѓаните.
Дури и лажното морализирање го претворија во фарса кај што се пазарат – еден да се повлече двајца да останат вработени.
Срамота! Како тргнале со манипулациите не би не зачудило Костадинов на следната прес конференција да обвини дека Христијан Мицкоски ги вработил на сила неговата мајка, кумот на Фросина Ременски, синот на Милева Ѓорѓиева, братот на Славица Шуманска или бабите, дедовците, сестрите и фризерките на високите партиски функционери на СДСМ.
Лекот за оваа епидемија од непотизам е еден и единствен, пораз на изборите со што ќе отпочне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
