ВМРО-ДПМНЕ: Економијата на дното, граѓаните се посиромашни
СДСМ и Зоран Заев трета година ја опустошуваат македонската економија.
Во време кога економијата е на дното, а граѓаните се повеќе сиромашни, власта буџетот го троши на популистички мерки со краток ефект наместо на развојни проекти како што се капиталните инвестиции.
Неспособната власт на СДСМ за првите 7 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 24,5 капитални инвестиции. Тоа кажува дека власта парите на граѓаните наместо за развој, расипнички ги троши на непродуктивни трошења и предизборна корупција.
Дека СДСМ не може да ја подобри економијата говори и фактот што бројот на странски директни инвестиции никогаш не бил понизок. Во ситуација кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година.
Во првите два квартала на 2019 година имаме 48,7 милиони евра странски директни инвестиции, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра. По глава на жител Србија има 543 евра СДИ, Словенија 280 евра, Бугарија околу 40 евра, а Република Македонија на дното со само 24 евра по глава на жител. Тоа значи во привлекувањето на инвестиции дека Бугарија е два пати подобра од Македонија, Словенија околу 11 пати, додека пак Србија е 22 пати подобра од Македонија во странски директни инвестиции.
Заради погрешните економски политики на власта пад бележи и бројот на работници во индустријата кој за една година е паднат за 2,5% односно на секои 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку, а лош резултат бележи и градежништвото каде реализацијата е ниски 24,5%.
Додека економијата тоне и 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, единствено со оваа власт што растат се корупцијата и јавниот долг кој надмина 5 милијарди со што веќе е надмината психолошката граница од 50% од БДП.
Наместо економска година како што ветуваа, со СДСМ и Заев веќе трета година добиваме економско фијаско и се повеќе граѓани и бизниси доведени до питачки стап. Токму затоа што поскоро неопходни се предвремени парламентарни избори за да оваа криминална власт си замине и Република Македонија конечно да може да напредува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента