ВМРО-ДПМНЕ: Една десетина од учениците немаат можност да следат настава без печатени учебници
СДСМ се што допре уништи, така и сега со образованието.
Мила Царовска и Зоран Заев со укинување на печатени учебници влегуваат во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, односно една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет.
Со самото тоа од власта на децата им го укинува и законски задолжителното образование!
Имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и Заев сега ги исклучуваат од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици.
Дури и сега за време на епидемијата, толку деца се исклучени од образованието. 1.300 ученици немаат струја во своите домови, стотици ученици наводно следат настава, ама на телевизија и учат од печатени материјали, од учебници. Во бројка, околу 25.000 ученици.
Власта со својата неспособност ги осакатува децата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници