ВМРО-ДПМНЕ: Џафери вчера ја прекрши демократијата

Талат Џафери вчера ја прекрши демократијата. Тој не даде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за да не го прашаат Спасовски за Мафија 1 и 2.
Спасовски нема аргументи, ниту знае како да се вади, затоа што до гуша е во криминал.
215 балкански и светски наркобосови во време на Оливер Спасовски и Зоран Заев добиле македонски пасош со друг идентитет и со тој пасош слободно се шетале низ светот.
215 наркобосови и терористи убивале и правеле криминал низ светот со македонски идентитет кој им е овозможен од македонските власти.
Спасовски избега за да не зборува ниту за 20.000 двојни матични броеви.
Интерпелацијата помина без ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта се плашеше дека Спасовски ќе биде прашан и за дрогата со која беше фатен возачот на Трајче Заев, но и за акцијата со наркобосовите од Грчец и Арачиново која им беше пробиена од внатре.
Спасовски избега да даде одговории за спорните набавки на автомобили, но и за давањето на лиценците за испитните центри на новоформирани фирми, на луѓе блиски до Спасовски и Заев.
Спасовски избега затоа што нема одговори ниту на овие, ниту на стотина други прашања, избега затоа што е заштитник на мафијата. Избега сега, но бегање нема. Одговорност ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
